24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Ниту јас ниту некој во моето семејство бил четник

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рекол дека не го загрижуваат протестите во Загреб, но, сепак, се осврнал на одредени пароли што ги носеле демонстрантите на денешниот протест по повод неговата посета на Хрватска.

По состанокот со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, Вучиќ рекол дека нема проблем со тоа некој да остварува поени така што ќе го навредува, но истакнал дека тој не е никаков четник.

„Ги видов луѓето со пароли. Пишуваше ‘Коњу, не лажи’, ‘Четник-почетник’, ‘Барабо, врати се во Србија’, но не се потресов многу. Претседателката Грабар-Китаровиќ ми приреди добар пречек, ми рекоа дека на протестот имало стотици луѓе, тоа е нормално во демократија“, рекол Вучиќ.

Потоа додал: „Не сум никаков четник, никој во мојата фамилија не бил четник. Во војните семејството Вучиќ страдало, но не учествувало во какви било злосторства“.