24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силување на дете ја потресе Македонија – полицијата соопшти детали за хоророт

Полицијата од Валандово до Основното јавно обвинителство во Велес поднела известување поради сомнение за сторено кривично дело полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години.

Имено, во Полициската станица Валандово пријавено било дека на 5 овој месец лицето Ц.А. (55) од село Пирава извршило полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години. По насоки од јавен обвинител, бил извршен разговор со детето жртва во присуство на родител и социјален работник.

По наредба на јавен обвинител, Ц.А. е лишен од слобода и предаден во Основното јавно обвинителство во Велес. По наредба на судија на претходна постапка, на пријавениот му бил одреден притвор во траење од 30 дена.