17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) На островот Тонга му се заканува најголемата бура во историјата на земјата

Островската држава Тонга прогласи вонредна состојба поради заканата од циклонот Гита, кој на островот би можел да ја донесе најголемата бура во историјата.

Циклонот Гита веќе ја разора островската држава Самоа, а може да зајакне до петта, најсилна категорија на циклони, пред да ја погоди Тонга, предупредија тамошните власти.

Премиерот Семиси Сика прогласи вонредна состојба во земјата, а метеоролошките служби предвидуваат дека циклонот ќе го погоди островот вечерва, при што ќе донесе силни ветришта со брзина до 250 километри на час. На интернет веќе се објавени снимки од штетите и поплавите што циклонот ги предизвика во Самоа.

Јавните институции во Тонга се затворени, а центри за евакуација се отворени низ целата земја.

„Ги повикуваме жителите навреме да најдат засолниште од големиот циклон кој може да биде најсилен во историјата на државата“, рече началникот на полицијата, Стивен Калдвел.

Метеоролошкиот центар ги предупреди жителите на Тонга да очекуваат деструктивни ветрови со моќ на ураган. Циклонот првин треба да го погоди главниот остров Тонгатапу: „Ова е многу сериозна ситуација, главниот град се наоѓа тука, а во него живеат 75.000 луѓе“, изјави метеорологот Филип Данкан.

Спонзорирано: