5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Напивка од 3 состојки која проверено го подигнува расположението

Пробајте го овој освежувачки сок и веднаш ќе почувствувате налет на енергија.

Забележавме дека во последно време комбинацијата од портокал и ѓумбир е навистина популарна.

Покрај ѓумбирот и портокалот, за подигнување на расположението заслужен е и морковот, кој на сокот му дава интензивна портокалова боја и ги спојува вкусовите.

Состојките се доволни за една голема чаша сок, кој ќе ви ја запре жедта, ќе ве засити и ќе ви ја намали потребата за грицки.

Состојки: парче ѓумбир со големина од еден сантиметар – 450 гр моркови – 2 портокали

Начин на подготовка:

Измијте ги, излупете ги и исечкајте ги ѓумбирот и морковите. Во соковник прво исцедете ѓумбир, а потоа портокали и моркови. Сервирајте со неколку коцки мраз и уживајте!