12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење по хоророт во Струмица – Се самозадоволувал пред девојки

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.Џ (28) од Струмица, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

-На 03.02.2018 година околу 10 часот, додека пријавителката заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од тренерките и почнал да се самозадоволува и да оди кон нив. Тие се исплашиле и побегнале, информираат од МВР.

После тоа, го пријавиле настанот во СВР Струмица. Веднаш по пријавување на настанот од страна на СВР Струмица преземени се мерки за пронаоѓање на пријавениот.

Тој бил пронајден и лишен од слобода.

Спонзорирано: