23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се нишаа зградите и паркираните камиони -нов силен потрес денеска е почуствуван во Мексико

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди пацифичкото крајбрежје во Мексико, во близина на градот Манзаниљо.

Засега нема наводи за поголема материјална штета или повредени.

Геолошкиот институт на САД објави дека земјотресот бил на длабочина од десет колометри.

„Ројтерс“ ги пренесува зборовите на вработен во хотелот „Алондра“ во најблискиот град Бара де Навидад, кој вели дека гостите силно почувствувале два одделни потреса.

„Вториот беше посилен. Се нишаа зградите и паркираните камиони“, изјави вработениот и додаде дека нема потреба од евакуација на хотелот.

Спонзорирано: