8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Американскиот Сенат го усвои новиот буџет, владата повторно отворена

Во раните утрински часови американскиот сенат го одобри двегодишниот буџет со што повторно е отворена федералната влада, објави Си-ен-ен. Законот се соочи со тешко гласање.

Американската влада беше затворена вторпат годинава бидејќи Конгресот не успеа во предвидениот рок да го изгласа новиот буџет.

Законот од 600 страници предлага зголемување на трошоците од околу 300 милијарди долари во одбраната и на домашни услуги.