5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот

Градот Скопје организира отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот и истовремено ги поканува граѓаните да дојдат и да се запознаат со начинот на работа и функционирање на овој центар.

Отворениот ден на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица, ќе се одржи в сабота, 10 февруари, од 10 часот до 14 часот.

Сите заинтересирани лица кои ќе сакаат да го посетат Центарот треба да се пријават до утре до 15 часот, на телефонскиот број 02/3297-265 или по пат на електронска пошта на адресата medium@skopje.gov.mk.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе можат да го посетат само лица кои се пријавиле согласно со горенаведените услови, додека самите посети ќе се организираат во групи од по 10 лица. Посетителите треба да имаат документи за идентификација, а пред посетата ќе треба да потпишат изјави за доверливост на информации.

Фотографирање во Центарот за управување и контрола на сообраќајот е забрането. Од Град Скопје велат дека постои можност, поради безбедносни причини, посетите ненајавено да бидат прекинати.