9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со дрон снимал над Скопје – она што би можело да му го направи полицијата ќе го премисли дали воопшто ќе го користи дронот во иднина

На 06.02.2018 година во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Т. (44)-директор на обезбедувањето во Џеваир Холдинг пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот во кругот на Џеваир Холдинг патничко возило „Мерцедес“ со косовски национални ознаки се доближило до една од зградите.

Од возилото излегло непознато лице кое извадило дрон и почнало да ги снима објектите. Притоа, реагирал вработен во обезбедувањето, а лицето на англиски јазик му возвратило дека сакало да го испроба дронот.

Тој бил предупреден дека такво нешто не е дозволено во кругот на Џеваир Холдинг, по што го земал дронот и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: