17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Атина
СВЕТ

Теодоракис: Македонија секогаш ќе биде грчка

„Македонија секогаш ќе биде грчка. Позицијата на грчкиот народ е цврста и очигледна, но ако владата размислува да стави потпис на договор што го вклучува терминот Македонија, тогаш мора да го праша и грчкиот народ“, порача 93-годишниот грчки композитор Микис Теодоракис.

Тој во говорот на протестот во центарот на Атина повика грчкиот народ да одлучува за прашањето за името, критикувајќи го чекорите на владата.
Тој ги отфрли критиките дека ги напуштил неговите левичарски ставови и се свртел кон национализмот. „Тоа не е национализам туку патриотизам за одбарана на татковината на на народот“, рече тој.

Според него, Македонија со странска поддршка сака да ги прошири своите граници на сметка на Грција. „Генерации скопјани се израснати со оваа идеја. Тие сакаат да влезат во НАТО и во ЕУ со нашиот глас за да можат после да ни се закануваат од позиција на сила“, изјави Теодоракис, предозвикувајќи громогласен аплаус од демонстрантите чиј број, според полицијата бил 140.000, а според рганизаторите дури 1,5 милион.