10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Атина
СВЕТ

Анархисти тврдат дека тие го вандализирале домот на композиторот Теодоракис

Анархисти преземаа одговорност за нападот со боја врз домот на познатиот композитор Микис Теодоракис, пишува грчкиот весник Катимерини.

Во пост на еден вебсајт кој е против естаблишментот тие го осудија Теодоракис, кој е еден од главните говорници на денешниот протест во Атина против името, затоа што застанал со „националистите и патриотите“ игнорирајќи ја работничката класа во земјата која секојдневно е напаѓана со разни закони и мерки.

Според полицијата, напаѓачите користеле црвена боја која ја фрлиле врз влезот на куќата на композиторот која се наоѓа во главниот град на Грција.

„Твојата приказна започна во планина и ќе заврши на националнoто тонење на плоштадот Синтагма“, напишале напаѓачите.

Микис Теодоракис е познат грчки композитор а во деведесетите бил и член на парламентот како дел од конзервативната грчка партија Нова Демократија, иако политички често бил асоциран со грчката левица поради неговите долгогодишни врски со Комунистичката партија во Грција.

Тој е познат и по пишувањето на музиката за филмовите Гркот Зорба, „З“ и „Серпико“.