Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Анкета: Кој е најздодевниот град во светот?

Според пишувањата на британското списание „Time Out“, Сингапур е еден од најмалку возбудливите градови во светот, а според мислењето на испитаниците, поздодевен од него е само Истанбул.

Станува збор за резултати од анкета спроведена врз повеќе од 15.000 испитаници. Туристичкиот одбор на Сингапур многу брзо реагирал на резултатите од ова истражување, снимајќи видео со саркастична порака: „Тука нема ништо забавно“.

Инаку, податоците од истражувањето биле објавени во рубриката под назив „City Life Index 2018“. На врвот на листата, Чикаго бил прогласен за најзабевен град, а по него следат Порто и Њујорк.

Податоците се базираат на понудата на храна, пијалоци, културни настани, љубезноста на домаќините, соодносот меѓу цената и квалитетот, но и чувството на задоволство и можноста за пријатен и исполнет живот во градот.

Според проценките на читателите, Сингапур добил пофалби за безбедноста и добриот јавен транспорт, но е оценет со најниски рејтинзи во однос на уметничката и културната сцена. Само 17 отсто од испитаниците одговориле дека „секогаш има нешто интересно што може да се види или да се направи“.

Спонзорирано: