17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Вознемирувачко видео: Снимка од страшна сообраќајка со смртни последици како предупредување за возачите

На руските патишта во средата се случила уште една страшна несреќа која е забележана со камера.

Местото на трагедијата е брз пат во Рибно-Слободскиот округ на руската република Татарстан.

Возач на шлепер вози во крајната десна лента кога од спротивниот правец со полна брзина во товарното возило удира Форд Фокус.

Фокусот бил преполовен во сообраќајката, па немало спас за патниците и возачот.

Загинале тројца студенти и 39-годишник кого го примиле како стопер.

Во пресрет на најавените снежни врнежи, снимката од Русија е сериозно предупредување за сите возачи дека мразот на патот и неприлагодената брзина во миг можат да доведат до губење контрола над возилото.

https://youtu.be/kYv5WKtg3gg

Спонзорирано: