20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снегот доаѓа кон Македонија: Страшно снежно невреме во регионот – серија несреќи и застои (видео)

Поради силниот снег што утрово ја зафати Словенија, дојде до голем број застои и несреќи во сообраќајот што се одвива забавено.

На некои делници неопходна е и употреба на синџири за гумите на возилата. Полицијата на делови од патиштата издаде забрана за сообраќање на товарни возила, а на возачите им се советува да ја прилагодат брзината на условите на патот и да го планираат времето за патување.

Мокриот снег што се задржа на асфалтот предизвика повеќе сообраќајни несреќи. Метеролозите предвидуваат дека снегот ќе продолжи да паѓа и во текот на утрешниот ден, и ќе достигне снежна покривка до 40 сантиметри на ниските места и 70 сантиметри во планинските делови. На Словенците им се препорачува да не одат на планина бидејќи постои ризик од лавина.

Недалеку од Љубљана утрово се преврте цистерна која превезуваше течен кислород, поради што сообраќајот беше во прекин неколку часа. На Блед се преврте туристички брод, кој од брегот пренесуваше патници до островот. При несреќата десетина луѓе паднаа во студената вода, но сите поминаа без последици.