17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Изетбеговиќ наместо во Сараево заврши на аеродром во Белград

Авион на „Аустриан ерлајнс“ што сообраќал од Виена до Сараево, а со кој се превезувал членот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Летот поради силен ветер во Сараево бил пренасочен на белградскиот аеродром, пишуваат медиумите во Србија.

Веднаш по сознанието дека во авионот се наоѓа член на претседателството на Босна, менаџментот на аеродромот ги обезбедило потребните услови за соодветен третман. Изетбеговиќ со својата делегација бил сместен во ВИП сала на аеродромот, пишуваат медиумите.

Превозот на Изетбеговиќ го организирала амбасадата во Босна.