17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Политичкиот противник на Путин осуден на пет дена затвор

Портпаролката на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, денеска изјави дека тој бил осуден на пет дена затвор поради повик за нелегален протест.

Протестот беше одржан во неделата поради одлуката да му се забрани на Навални да се кандидира на претседателските избори, а неговите соработници биле домаќини на веб-емитување на протестот од необјавено место во странство, информираат странски новински агенции.

Во средата попладне двајцата соработници биле уапсени и осудени на осум, односно пет дена затвор, поради тоа што со емитувањето и повикувањето на протести создале негативна слика за еден од претседателските кандидати.