12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германка за 14 минути предизвикала 5 судири и штета од 45.000 долари

Четириесетгодишна Германка за само 14 минути направила пет сообраќајни несреќи и предизвикала штета од 45.000 евра. Жената возела автомобил, во кое имало 3-годишно дете. Првин удрила во семафор во градот Пасау додека било запалено црвеното светло, па тргнала наназад и удрила во друг автомобил. Малку подоцна удрила во возилото што било пред неа. Продолжила и повторно се судрила на семафор со возилото што било зад неа. Кога влегла во завојот, предизвикала фронтален судир. Два автомобила излетале од патот, а еден се превртел на покривот.

Според првичните информации, таа не била пијана ниту под дејство на дрога, а моментно се истражува дали жената била психички растроена. Во несреќата петмина се полесно повредени, а меѓу нив и жената возач и нејзината тригодишна ќерка, која сега се наоѓа кај своите баба и дедо. Во несреќата е направена материјална штета од 45.000 долари.