17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Таблет предизвика пожар во руски патнички авион

Пожар изби во руски патнички авион веднаш по слетувањето на леталото. Според првичните информации, се запалил таблет, пренесува „Спутник“.

На видеоснимката што ја направил еден од патниците на авионот, кој од Москва слетал во Волгоград, се гледа дека огнот под седиштето гори, а патниците го гасат со пакувана вода.

Набргу пристигнува стјуардеса и го решава проблемот.

Патникот чија направа се запалила им се извинил на другите патници. „Спутник“ на англиски јазик коментира дека не е паметно да се носат таблети на подолги летови.