20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Солун: Наместо да му помагаме на нашиот сосед, ние го навредуваме

Наместо да му помагаме на нашиот сосед, ние го навредуваме со зборови како циганоскопјани. Ова го изјави градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, говорејќи за спорот меѓу Република Македонија и Грција.

„Ние ќе изгубиме многу од овој спор. Ќе го загубиме достоинството во НАТО и ЕУ. Не му помагаме на нашиот сосед, кој се наоѓа на крстосница како мало дете во потрага по својот идентитет. Што правиме? Ги пцуеме и ги нарекуваме циганоскопјани. Како изгледа тоа“, изјави Бутарис за локалните медиуми.

Според него, преговорите ги спроведува владата во Атина и никој нема право, вклучувајќи го и него, да ѝ каже како да преговара. Бутарис ја повтори својата позиција за решавање на спорот за името.

„Мојата позиција за ова прашање е да се прифати име според одлуките од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Второ, мора да се исполнат барањата од Привремената спогодба – таму јасно е напишано откажување од секакви иридентистички манифестации. Сето ова да се исполни во две фази. Во првата да се постигне договор за името, а во втората – во период од 3 или 5 години да се исполнат обврските од Привремената спогодба. Не е лесно да ги промениш учебниците. Тие 100 години се нарекуваа Македонци“, рече Бутарис во Солун.

Спонзорирано: