12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Трамп: Ова е најдобар момент да почнеме да го живееме американскиот сон

Во првиот говор до нацијата, американскиот претседател Доналд Трамп повика на единство и ги повика демократите на соработка, објави Би-Би-Си. Тој нагласи дека американската економија е во голем пораст и нареди затворот Гвантанамо да продолжи да работи, што е спротивна од директивите и одлуките на неговиот претходник, Обама. Американскиот претседател вети дека ќе ја направи Америка повторно голема за сите Американци.

„Ова е наш нов американски момент“, порача Трамп.

„Никогаш немало подобри моменти да почнеме да го живееме американскиот сон. Кој и да сте, од каде и да сте, ова е ваше време. Ако верувате во себе и во Америка, можете да сонувате и да бидете што сакате и заедно можеме да постигнеме апсолутно се“ рече Трамп, пренесе Би-Би-Си.

Агенцијата АП оцени дека Трамп ѝ се обрати на поделената нација и дека во говорот изобилувале пофални зборови на сопствена сметка и повик на оптимизам за светло растечката економија. Од друга страна пак, тој упати предупредувања до криминалните групи,трговијата со дрога и насилните имигранти кои во САД живеат илегално.

Говорот што го следеа 40 милиони гледачи, траеше еден час и 20 минути.