12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на водата етапно ќе се зголемува

Денеска како предлог на дневен ред предложен од градоначалникот Петре Шилегов до Советот на Град Скопје е точката поскапување на цената на водата на жителите на градот, со што се предвидува етапно поскапување, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ирена Попова, советничка на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција предупреди дека водата ќе поскапи 35 проценти, што по поскапувањето на нафтата ќе претставува нов шок за граѓаните.
„Значи, со овој предлог скопјани, наместо 12, ќе плаќаат 16 сметки за вода годишно. Ако домаќинствата плаќале 1.000 денари месечно, по поскапувањето ќе треба да плаќаат 1.350 денари. Скопјани ќе треба да го плаќаат луксузирањето на СДСМ и Шилегов, а градот Скопје се соочува со неефикасност, неработа и најзалудно потрошените први 100 дена од работата на кој било претходен градоначалник на Скопје, без ниту еден почнат капитален проект“, рече Попова.
Додаде дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се против покачување на цената на водата и бараат до предлагачот да ја повлече точката од дневен ред.