14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Единствена Македонија“ повика на прекин на расправата за законот за јазиците

„Во услови на длабока поделеност во земјата каде што Владата на СДСМ тврди дека законот е уставен, а целата патритоски настроена и слободно мислечка јавност тврди дека законот не е уставен и ги загрозува националните и државните интереси, мислењето на Венециската комисија може да биде корисно.

Зачудува наивноста на премиерот Заев дека законот ќе го испрател до Венециската комисија, но, дури по неговото усвојување, иако не постои човек во државата кому не му е јасно дека Венециската комисија дополнително по изгласувањето на законот, и да утврди неуставност, тоа ќе нема никаква смисла. Општо познато е дека Албанците не почитуваат правен поредок кога некој чепка во т.н. стекнати права, без оглед што не се во согласност со Уставот и оттука невозможна мисија е враќање во поранешна состојба и доколку Венециската комисија препорача дека законот е неуставен во услови кога би бил изгласан.

„Единствена Македонија“ му честита на Заев за рамнодушноста дека може да им одземе веќе изгласани права на Албанците доколку Венециската комисија укаже на неуставност на законот по неговото изгласување, но не му завидуваме на Заев на наивноста.

Затоа, најдобронамерно му советуваме на Заев законот да го прати во Венециската комисија пред неговото изгласување, се наведува во соопштението на „Единствена Македонија“.