21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Не треба да одиме никаде, ние сме веќе во Европа

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Австрија, учествуваше на една од најпрестижните конференции во Европа, „Виена конгрес ком – султ 2018“.

Оваа година конференцијата со наслов „Стратегија за иднината на Европа“ во најголем дел беше фокусирана на развојот на настаните на Западен Балкан, како и европските перспективи на земјите од регионот, информираат од Кабинетот на Османи.

Како што соопштуваат оттаму, вицепремиерот го имал воведниот збор на првиот панел Go West, Western Balkan!, каде што ги потенцирал своите видувања за состојбите со европските интеграции во Македонија, но и пошироко во целиот балкански регион.

„Ако размислиме од каде потекнуваме историски, каде припаѓаме географски, но и каде сакаме да бидеме во иднина, ние не треба да одиме никаде бидејќи ние сме веќе онаму каде што сакаме, ние сме во Европа!“, изјавил Османи додавајќи дека за членство во Европската Унија, сепак, потребни се суштински промени кај земјите од Западен Балкан.

Во соопштението се наведува дека при обраќањето Османи направил поширок осврт и на севкупниот процес на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, особено во пресрет на стратегијата на Европската комисија, која треба да излезе за една недела, а во која земјите од регионот очекуваат јасни и цврсти пораки за нивните европски перспективи.

„Имаме исклучително позитивен момент предводен од претседателството на Бугарија со Европскиот совет, кое треба да продолжи со преземањето на претседателството на Австрија, а потоа и на Романија, при што секоја од нив претставува цврст поддржувач на процесот на проширување на Европската Унија, но и секоја од нив има нескриен интерес за интеграција на земјите од Западен Балкан во Унијата“, истакнал Османи.

Во рамките на работната посета на Австрија вицепремиерот остварил средба и со генералниот секретар при Министерството за надворешни работи на Австрија, Мајкл Линхарт, на која Османи побарал директна поддршка од страна на Австрија за европските интеграции на Република Македонија во насока на започнување преговори за членство во Унијата, се наведува во соопштението од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања.

Спонзорирано: