16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петмина повредени во осум сообраќајни несреќи

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди пет лица добиле лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 45 возачи го управувале возилото со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќајот се исклучени девет возачи, и тоа двајца бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол и седум возачи бидејќи го управувале возилото без да стекнат право за управување моторно возило. Од сообраќајот се исклучени и девет возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден биле издадени и 75 мандатни платни налози за непрописно паркирање и 86 возила биле подигнати со пајак. Во текот на вчерашниот ден биле санкционирани и седум пешаци што поминале коловоз надвор од пешачкиот премин. Исто така, еден возач е санкциониран поради поминување крстосница на црвено светно, еден возач поради недавање првенство на минување и еден возач поради неправилно престројување.

Спонзорирано: