9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави за гостиварец и битолчанец кои ограбувале продавници во Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Џ.И. (24) од село Врапчиште, гостиварско и А.М. (21) од Битола поради постоење на основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“. Како што информираат од МВР, пријавените заедно сториле пет кривични дела „тешка кражба” и една „тешка кражба во обид”, додека Џ.И. самостојно сторил вкупно седум кривични дела „тешка кражба”, седум кривични дела „тешка кражба во обид“ и една „кражба“.

Двајцата разбојници ги сториле делата во период од 03-ти до 06-ти декември минатата година во повеќе деловни објекти во Охрид. Користејќи погоден алат, насилно ги отворале вратите од аптеки, менувачници, пекари, канцеларии на осигурителни компании, ресторани, маркети и повеќе помали продавници лоцирани на булеварот „Туристичка“ и на други улици во градот. Со извршувањето на наведените кривични дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 381.200 денари.

Поради сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, кривична пријава против Џ.И. поднела и полицијата од Кичево. Според информациите, тој ги сторил делата на 08-ми месецов во раните утрински часови во стовариште на магистралниот пат Кичево-Гостивар и во угостителски објект на планинскиот превој „Стража“. Со погоден алат и физичка сила ги отворал влезните врати, влегувал и одзел 43.000 денари од стовариштето и околу 5.000 денари од угостителскиот објект.