11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Наместо капки за очи, во окото ставила секундарно лепило! (видео)

Американката Кетрин Гајдос по грешка шишето со капки за очи го заменила со секундарно лепило, по што завршила во итна помош.

Како што пренесе WPBF, несреќната жена работела во градината кога во окото и` влегла прашина која сакала да ја отстрани со капки за очи. Таа побарала во чантата, но наместо капките за очи, го зела лепилото.

„Кога почувствував пецкање, го затворив окото и почнав да врескам, па повикав итна помош“, рекла несреќната жена.

Лепилото потоа се исушило, лепејќи и` ги капаците. Во итна служба и дале антибиотици и крема за хемиски изгореници, а исто така планирана е и помала операција. Според лекарите, третманот ќе трае неколку дена. Се претпоставува дека Кетрин нема да има трајно оштетување на видот.