19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски оствари средба со претседателот на Европската народна партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев, во текот на вчерашниот ден остварил средба со Жозев Дол, претседател на Европската народна партија (ЕПП).

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелните општествено-политички состојби и стратешки приоритети на Република Македонија за членство во Европската Унија и НАТО, како и за продолжување на соработката со европските народни партии. Мицкоски посочил дека е потребен политички дијалог со сите политички фактори за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата.

Исто така, од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека актуелната власт спроведува политички прогон врз граѓаните, како и врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Додал дека ваквиот чин ја уназадува државата и го отежнува демократскиот процес.

На средбата Мицкоски изразил и голема загриженост за економската клима и за правецот во кој се движи Република Македонија, како и за уназадувањето на реформските процеси во државата во сите сфери. Тој потенцирал дека државата уназадува, а стандардот на граѓаните слабее поради што, како што рекол, Владата мора да преземе одговорност за обезбедување подобра иднина на земјата.

Пред претседателот на Европската народна партија, Жозев Дол, биле презентирани новите партиски структури, новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, како и идните чекори на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците истакнале дека и во иднина ќе продолжи добрата соработката и комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ со народните партии во Европа.

Спонзорирано: