8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи во дводневна посета на Виена

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Република Австрија.

Во рамките на посетата тој ќе учествува на една од најпрестижните конференции во Европа, „Виена конгрес ком – султ 2018“, на која темата со наслов „Стратегија за иднината на Европа“ најмногу ќе биде фокусирана на развојот на настаните на Западен Балкан, како и европските перспективи на земјите од регионот. Вицепремиерот Османи ќе го има воведниот збор на првиот панел Go West, Western Balkan!, а ќе учествува како панелист и на другите предвидени панели на конференцијата.

Во рамките на посетата вицепремиерот Османи ќе оствари средба и со сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Карин Кнеисл. Фокусот на оваа средба ќе биде насочен кон евроинтегративниот процес на нашата земја, т.е. имплементацијата на реформите од планот 3-6-9, отстранувањето на политичките пречки на евроинтегративниот пат, како и сите други активности на Владата во пресрет на Стратегијата за проширување на ЕК и нашите очекувања од неа.

Спонзорирано: