18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на меѓународната конференција против анти-семитизмот во Рим

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Рим ќе учествува на меѓународната конференција за одговорност на државите, институциите и поединците во борбата против Анти-семитизмот во регионот на ОБСЕ. Конференцијата се организира во рамки на Италијанското претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Министерот Димитров ќе има свое излагање на конференцијата во кое ќе се осврне на значењето и улогата на еврејската заедница во Република Македонија и активностите кои ги презема Република Македонија во справувањето со кривичните дела, мотивирани од омраза и борбата против антисемитизмот.