6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Паранојата на ВМРО-ДПМНЕ не ги оправдува нивните постапки во Парламентот

Во однос на фрлените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи пратеничката од парламентарното мнозинство, Ивана Туфегџиќ, која на својот фејсбук напиша дека опозицијата има право да користи парламентарни механизми за да покаже несогласување со одреден закон, но, ширење на лажни вести, параноја и тензија, како што вели таа, не помага баш за јавноста да увиди оправданост или неоправданост на нивните постапки во Парламентот.

„Амандманите најдени во канта се гледа дека се уредно заведени, веројатно се работи за копии, ама вакво ширење на вести, не знам поради која причина, најпрвин е непочитување кон собраниските служби, кои цел викенд се на работа за да ги процесираат сите амандмани. Потребна е барем минимум одговорност кај сите страни и во Собранието и надвор од него, а и максимална почит спрема службите наместо нивно злоупотрбување во ширење политичка параноја“ напиша Туфегџиќ.

Спонзорирано: