13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Поранешна проститутка си ја отвори душата: Спиев со 10.091 мажи

Поранешна проститутка си ја отвори душата: Спиев со 10.091 мажи

Поранешна проститутка која напишала книга за својот живот, денес е згрозена од фактот што и се јавуваат девојчиња од 12 години кои бараат совети како да влезат во светот на ескортот.

Гвинет Монтенегро (39) во светот на проституцијата влегла кога имала 21 година, после стравично силување од група мажи. Тој настан целосно и го променил животот.

Вкупно 12 години работела како ескорт дама, дошла до елитно ниво во кое наплатувала 1.000 долари по час. Тие пари ги трошела на дизајнерска облека, скапи автомобили и патувања низ светот.

Но, Монтенегро сега сака да открие каква е таа работа, бидејќи и се јавуваат сè повеќе девојчиња кои едвај чекаат полнолетство како би се занимавале со таа работа.

„Девојчиња, некои од нив имаат 12 години, се уште одат во училиште, ми се јавуваат и бараат совети како да станат елитни ескорт девојки. Дванаесет! Уште се во училиште и планираат да влезат во проституција штом станат полнолетни. Кој родител сака неговата 12-годишната ќерка да тргне по тој пат. Кога и како такво нешто стана легитимно?“

Бившата проститутка вели дека девојките веројатно читале многу исповеди и статии за животниот стил, луксузот и парите кои излегуваат во медиумите. Тие веројатно го посакуваат истото и за себе.

Спонзорирано: