9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција бара од САД да ги повлече своите сили од Сирија

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, побара од САД веднаш да се повлечат од Манбиџ, на северот на Сирија, кој е под контрола на курдските сили против кои Турција почна офанзива.

„Потребно е тие (САД) веднаш да го напуштат Манбиџ“, рекол Чавушоглу.

Градот Манбиџ се наоѓа на околу 100 километри од енклавата Африн, каде што турската војска една недела води офанзива против Курдите. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека турската војска ќе ја продолжи и ќе ја прошири офанзивата на северот на Сирија. Целта на акцијата е да ја елиминира курдската полиција која Анкара ја смета за терористичка организација.

Во говорот што го пренесуваше турската национална телевизија, Ердоган вети дека ќе го исчисти Манбиџ од терористи.

Офанзивата на Турција почна откако меѓународната коалиција предводена од САД најави формирање на погранични сили во Сирија во која би учествувале и курдски борци.

Ердоган претходно најави дека операцијата на турските сили ќе продолжи сè додека не биде елминиран последниот член на терористичката организација.

Спонзорирано: