17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: Заборавањето на злосторството е ново злосторство

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во Обединетите нации ја отвори изложбата „Јасеновац – право на незаборав“, порачувајќи дека ужасот во Јасеновац не смее да се заборави и дека треба да остане еден од најзначајните симболи на страдањата на Србите, Евреите, Ромите, антифашистите Хрвати и други нации, симбол ма масовно и беспримерно сурово убивање.

„Значаен придонес во сочувањето на сеќавањето на тој симбол е и оваа исложба која имам чест да ја отворам. Жртвите кои паднаа за идеалите за подобар и послободен свет не смеат да бидат залудни“ рече Дачиќ додавајќи дека ако не се негува културата на сеќавањето и не се внимава, постои ризик од повторување на трагичната судбина од минатото.

Дачиќ нагласи дека холокаустот и геноцидот немаат граница и не познаваат никакви пречки. Тој порача дека Србија никого не обвинува освен злосторниците и оние кои ги бранат злосторниците бидејќи тоа е основа вакво нешто да се повтори во иднината.

Изложбата е отворена во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот.