5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп за првпат покани светски лидер во Белата куќа

Од Белата куќа официјално потврдија дека американскиот претседател, Доналд Трамп, го поканил францускиот претседател, Емануел Макрон, во државна посета во својата земја. Ова е првпат Трамп да повика друг светски лидер откако ја презеде функцијата.

Веста ја потврди портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, откако претходно „Ројтерс“ јави за средбата повикувајќи се на свои извори од палатата. Меѓутоа, Сандерс не прецизираше кога ќе се одржи посетата, иако неофицијално како период се споменува крајот на април.

Традиционално, државната посета вклучува свечен церемонијален поздрав и други специјално организирани настани. Поканата на Трамп доаѓа шест месеци откако тој веќе присуствуваше на свечената прослава по повод Денот на Бастилја – националниот празник на Франција, на покана на францускиот претседател. Тогаш Макрон застана „рамо до рамо“ со него додека ја набљудуваа воената парада по повод 100-годишнината од одлуката на САД да се приклучи на страната на Франција во Првата светска војна.