12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Форензичари од Скопје вршат увид во куќата во која изгореа пет лица

Во двокатна куќа на улица Гоце Делчев во Тетово ноќеска избувнал пожар при што според првичните информации настрадале жена и четири деца, потврди Обвинителството.

Оттаму информираат дека надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повикал тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН, кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот. ​​

Спонзорирано: