10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ципрас: Преговарачкиот процес се приближува кон крајот

Претседателот на Владата на Грција, Алексис Ципрас на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Давос, најави дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот и истакна дека заедничкото решение треба да е „ерга омнес“.

„Денес многу луѓе нè гледаат од двете земји – едни со скептицизам и загриженост, други со оптимизам. Го кажувам ова бидејќи нашата цел не е само да го решиме спорот со името, туку и билатералните односи да ги поставиме на основа на взаемна доверба. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашања“, рече Цишрас.

Додаде дека позицијата на Грција е исчекор напред за обезбедување на стабилност и изнаоѓање на решенија.