7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Договорот за руските хеликоптери најверојатно ќе заврши годинава

Србија се надева дека ќе заврши со зделката за купување на шесте руски хеликоптери „ми-17“ до крајот на 2018 година. Ова го изјави претседателот на земјата, Александар Вучиќ.

„Ние сме во процес на преговарање и мислам дека ќе го завршиме договорот до крајот на годината“, рече Вучиќ.

Кон крајот на минатата година српскиот претседател на владата откри дека Белград преговара за купување шест хеликоптери „ми-17“ од Русија како дополнување на испорачаните два од истиот тип во 2016 година.

Србија истовремено ја разгледува можноста и за изградба на центар за поправка на советските и руските хеликоптери што се во земјата.

Спонзорирано: