17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема полициска акција – се врши претрес на 30 локации

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина утрово по наредба и надзор на Обвинителството почна акција со кодно име „Задруга“ во рамки на која се врши претрес на повеќе од 30 локации, објави Кликс.ба.

Информацијата ја потврдила портпаролката на обвинителството, Азра Бавчиќ. Како што изјавила Бавчиќ, претрес ќе се врши во текот на денот во повеќе локации поради кривични дела – организиран криминал, перење пари и злоупотреба на службената положба.