20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тлото не се смирува – силен потрес од 8.2 степени, можност за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени по Рихтер ја погоди Аљаска, по што издадено е и предупредување за цунами кое се однесува на крајбрежјето на Аљаска, но и на Калифорнија. Потресот се случил во 9.31 часот по локално време, а нема извештај за повредени. Епицентар на земјотресот бил на 278 километри југоисточно од градот Кадијак, на длабочина од 10 километри, објави Американската геолошка служба.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека се можни опасни цунами бранови. Американската национална метеоролошка служба соопшти дека предупредувањето за цунами важи не само за Аљаска туку и за Калифорнија и брегот на Британска Колумбија.

Населението е предупредено веднаш да најде засолниште или да се евакуира на повисоките предели во најзначените области.