5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Наполнете ги резервоарите – се спрема нова цена на горивата

Бензините пред две недели поскапеа за половина денар, дизелот за денар. Литар дизел сега чини 59.5 денари по литар.

Цената на суровата нафта на светските берзи во денешното тргување го држи вчерашното ниво, иако во текот на вчерашниот ден, на берзата во Лондон, цената на барел нафта ја проби психолошката граница од 70 долари достигнувајќи 70,26 , а тргувањето го затвори на 69,80 долари за еден барел.

Утре се очекува нова корекција на цените, но загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.

Останува да видиме каква ќе биде новата цена.