22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Единствена Македонија“ ќе ги поништува сите документи за влез во НАТО и ЕУ

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, донесе одлука да се преимени во „Единствена Македонија“ и избра седум нови членови во извршниот комитет. Претседател останува Јанко Бачев кој потенцираше дека е донесена одлука да се смени дискурсот на партијата.

„Сосема ќе се фокусираме на нашата заложба да се поништат сите документи за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Нашиот став е дека треба да се интегрираме во евроазиското движење за да го сочуваме јазикот, верата и идентитетот, рече Бачев.

За нов потпретседател на сега „Единствена Македонија“ е избран Стефан Влахов Мицов кој исто така зборуваше за новите заложби на партијата. Тој зборуваше на бугарски јазик и на новинарско прашање зошто не зборува на македонски, одговори дека тој е емигрант од Бугарија и природно зборува на тој јазик.
„Ние сме против САД и ЕУ бидејќи тие се новите хитлеровци и сакаат да не уништат. Со влезот во евроазиската унија, преку Русија ќе успееме да го сочуваме јазикот, културата и идентитетот. Ние имаме заедничка антифашистичка традиција, и исто така ќе се залоѓиме за обединување на сите делови од Македонија, рече Влахов Мицов.

Меѓу новите членови на извршниот комитет се Вангел Симев, Драган Угриновски, Зоран Јованчев, Ацо Николовски, Игор Јорданов, и Лазе Наумов кој ќе делегира друг член бидејќи неговото членување не е правно оправдано заради неговото работно место. (М.И.П)

Спонзорирано: