16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мајка и наплаќа кирија, струја и останати сметки на својата петгодишна ќерка

Иако во декември наполнила пет години, малата Бруки добро знае што се тоа сметки, бидејќи секоја недела на својата мајка и плаќа кирија, струја и останати редовни трошоци.

Необичната воспитна метода на нејзината мајка Есенс Еванс предизвикала различни реакции на социјалните мрежи, додека едни сметаат дека тоа е „феноменална идеја“ и дека девојчето ќе израсне во одговорна личност, други мислат дека децата сепак треба да се остават да бидат деца.

Мајката објаснила дека секоја недела на ќеркичката и дава седум долари, од кои таа плаќа по еден долар за кирија, вода, струја, телевизија и храна. На малата Бруки и остануваат два долари, кои може да ги потроши на што сака.

Есенс вели дека нејзината ќерка од мали нозе учи како функционираат работите во светот и уверена е дека Бруки еден ден ќе и биде благодарна.

Петте долари кои секоја недела плаќа Бруки, Есенс ги уплатува на сметката на девојчето, од кого парите ќе може да ги подигне кога ќе наполни 18 години.

Спонзорирано: