24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тунтев: Обраќањето на Столтенберг е јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат

Обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е јасен сигнал дека Македонија е на вистинскиот пат, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Тој ги поздрави реформските процеси на парламентарното мнозинство и Владата и ги оцени како како основа за движење на земјата на евро-атлантскиот пат.

„Со задоволство ја прифаќаме политиката на отворени врати на НАТО“, рече Тунтев и порача дека сите партии треба да се вклучат во политичките процеси за земјата да се движи напред.