24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
МАКЕДОНИЈА

Трамп ги додели наградите за лажни вести

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа преку „Твитер“ ги објави добитниците на неговите долго најавувани награди за лажни вести.

Линкот што го споделил Трамп води до интернет-страницата на Републиканската национална комисија, каде што се набројани десет вести и статии од традиционалните медиуми, како Си-ен-ен, „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Еј-би-си њуз“, кои Трамп и републиканците често ги наведуваат како пример за пристрасност и генерирање вести против нив.

Меѓутоа, во однос на употребата на контроверзниот термин лажни вести често се поставува прашањето: дали навистина станува збор за лажна вест ако медиумите ја потврдат и коригираат грешката во известувањето? Тоа произлегува оттаму што практично ваков е случајот речиси со сите вести опфатени со „наградите“ на Трамп. Од друга страна, во лажните вести од алтернативните медиуми и оние што се поблиски до американскиот претседател, а често пропагираат теории на заговор, погрешните наводи никогаш не биле признаени и, всушност, постојано се повторувале.

Рубриката „Проверка на фактите“ на весникот „Вашингтон пост“ се занимавала со оваа листа истакнувајќи дека според нивните процени самиот Трамп од доаѓањето на власт дал повеќе од 2.000 изјави по што речиси никогаш не признал дека погрешил.