10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Столтенберг: Заев е мојoт херој

На крајот од заедничката прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се ракуваше со претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев, и потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев – „мој херој“.

Инаку, на прес-конференцијата генералниот секретар на Алијансата јасно стави до знаење дека за Македонија не постои план Б и дека нема членство во НАТО без решение на прашањето со името.