Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Србин во близина на Кавадарци доживеал нешто што ќе го памети цел живот

На 17.01.2018 година во 17.00 часот во Полициската станица Кавадарци В.Ѕ.Т. (24) од Република Србија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз него.

Тој застанал со своето возило на патот Кавадарци – Росоман и кога излегол од возилото му се доближиле лицата и со закана со нож и шрафцигер од торбата му одзеле 415 евра и 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: