17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Цвекло и крушки: Рецепт за салата која помага при слабокрвност, ги зајакнува крвните садови, го подобрува варењето, го намалува холестеролот

Ако сакате да изедете нешто навистина здраво, измешајте крушки и цвекло!

Цвеклото е богато со минерали, помага при слабокрвност, ги зајакнува крвните садови, додека крушките со минералите и витамините, содржат и многу билни влакна кои го подобруваат варењето.

Покрај тоа, крушките содржат и многу пектин, кој го намалува холестеролот и го стабилизира нивото на глукоза во крвта.

Состојки: 500 гр цвекло – 50 мл балсамико оцет – 1/2 лажичка бел бибер – 150 гр крушки – 40 гр желе од боровница – 1 лажица скробно брашно – 1 лажица шеќер – малку сол

Начин на подготовка:

Цвеклото измијте го, излупете го и исечете го на тенки парчиња. Во лонец ставете оцет, 1 дл вода, зачинете со сол и бибер, додајте цвекло и динстајте на слаб оган.

Крушките измијте ги, излупете ги, одвојте ги коските и исечете на парчиња. Пред цвеклото целосно да омекне, додајте ги крушките и динстајте уште 10 минути.

Пред сервирање, разматете скробно брашно со 2 лажици вода и желе од боровница, додајте во цвеклото и мешајте додека малку не згусне. По желба зачинете со уште малку оцет и бел бибер.

Добар апетит!