17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се обидел да го подгрее ручекот: Руски војник уништи тенк вреден половина милион долари (Видео)

Руски војник готвејќи ручек на терен на Крим уништил оклопен транспортер вреден половина милион долари.

Семен Мережњиков се обидел, имено, да подгрее ручек додека неговата едница била на терен на Крим, но пламенот го зафатил оклопниот транспортер и го уништил.

Незгодата можела да се претвори во трагедија бидејќи на снимката се гледа како војникот се обидува да објасни што се случило, истовремено обидувајќи се да го изгасне пламенот кој го зафатил неговиот лансер на гранати.

Во обид да објасни што се случило Мережњиков рекол дека ископал дупка за да запали оган, но пламенот го зафатил оклопниот транспортер. Возилого било прекриено со маскирна мрежа и сува трева, кои го забрзале пожарот.

Несреќниот војник со одлука на воен суд е казнет на шест месеци престој во казнен логор.

Спонзорирано: