17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Нова опција на Вибер: Толку е добра што веднаш ќе почнете да ја користите

Нова опција на Вибер: Толку е добра што веднаш ќе почнете да ја користите

Корисниците на Вибер отсега на располагање ќе имаат уште една опција – можност за размена на фотографии и видеа кои ќе бидат избришани после гледање.

По снимањето на фотографија или видео запис (во апликацијата) во горниот десен или долниот лев агол ќе се појави часовник преку кој корисниците можат да изберат време по кое ќе сликата или видеото ќе се избришат од телефонот на примачот по отворањето.

Периодот за бришање на пораки може да се стави на една, три или седум секунди.

Иако Вибер доцни со оваа опција, сигурно брзо ќе стане многу популарна меѓу милионите корисници.