8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Исчистете го телото од токсини: Едноставна и вкусна напивка готова за 5 минути

Ова е напивка со чија помош ќе изгубите вишок килограми, но и ќе направите комплетна детоксикација на организмот.

Оваа напивка го забрзува метаболизмот и така ќе ви помогне во губењето килограми. Ѓумбирот е силен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб, а освен тоа помага и кај надуеност и го забрзува дигестивниот систем, додека лимонот има диуретско својство со кое го поттикнува исфрлањето токсини од телото.

Состојки: 3 дл вода на собна температура –  половина исцеден лимон – 1 см корен од ѓумбир

Начин на подготовка:

Исцедениот лимон и ситно изренданиот ѓумбир додајте го во чаша млака вода, напивката оставете ја малку да отстои и потоа испијте ја. По желба засладете со малку мед и додајте неколку листови мента.